Фолк ѕвездата Шабан Шаулиќ загина на 17 февруари во сообраќајна несреќа во Германија враќајќи се од настап. Погребан е без никакви верски церемонии на 22 февруари, неговите пријатели коментираат без разлика на градските власти што одлучиле да го погребаат во Белград, желбата на Шаулиќ беше, а и секогаш говорел дека сака да почива покрај гробот на неговата мајка Илдузе, која е погребана според муслиманските обичаии.

Смртта беше брза и неочекувано, а Шабан неговата желба на сопругата и нејзините деца најверојатно не и ја кажал. Тие донесоа одлука на погребот да не викаат ниту попови, ниту оџи. Организираа граѓански погреб со три хармоникаши и песната „Не плачи душо“.

Инаку, сѐ уште не поминаа 40 дена од неговата смрт, според верските верувања за душата да си го пронајде мирот, а во семејството на славниот пејач и во соседството завладеа паника. Во семејната куќа на пејачот во текот на ноќта го гледаат гледаат Шабан како шета, пали и гаси светла, а потоа седи на трпезаријата во темно каде што најчесто одмарал и го гледал Дунав.

Некои медиуми веќе објавија дека „Шабан се повампирил“, притоа пренесувајќи ги изјавите на комшиите кои панично бараат помош од попови и исцелители.

-Сите сме во шок, за тоа со денови зборуваме. Никој од семејството на пејачот не доаѓа во куќата веќе 10-тина дена. Или не смеат или се обидуваат да го решат овој проблем со оџи и попови, изјави за белградските медиуми соседа на покојниот пејач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.