Иако е тешко да се замисли, Здравко Чолиќ има 68 години и спаѓа во категоријата на граѓани на кои им е забрането движењето во Србија.

Властите таму забранија да излегуваат лица над 65 години, а Чола, според српските медиуми, сериозно ја сфатил самоизолацијата.

Така пејачот се изолирал од семејството и живее во посебно крило на својата вила во Белград Од почетокот на вонредната состојба, тој не ги видел своите ќерки, Уна и Лара, кои се плашат дека може да му го пренесат вирусот на нивниот татко. Пејачот ја гледа само својата сопруга која му остава храна.

Она што го искусив е дека се оддалечувам од сопствените деца во мојата куќа. Ова е ужасно, што доживеав – и се пожалил Чола на својата сопруга.

Тој комуницира со своите ќерки преку видео повик.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.