Пред љубителите на театарската уметност од Кичево вечер ќе биде одиграна театарската претстава „Чекајќи го министерот“. Во главните улоги ќе настапат актерката Лидија Вукичевиќ, актерот и стендап комичар Семир Гигиќ , двајцата од Србија, и актерот Сашо Ристовски.

Режисер на претставата и автор на оваа комедија е Семир Гигиќ.

Дејството во оваа драмска претстава се случува во една руинирана кафана која добива нов сопственик.Сопственикот се соочува со проблеми со старата келнерка, пејачка и танчерка, околу неговата замисла.Тој ангажира дизајнер кој треба да ја уреди кафеаната, бидејќи се најавува доаѓање на министерот од Владата, истакна портпаролката на Центарот за култура Маја Николоска Сиљаноска.

Претставата ќе започне во 20 часот, а цена на влезниците е 200 денари.

Покрај во Кичево претставата ќе биде прикажана уште во седум града во земјава и тоа во Штип, Охрид, Битола, Пробиштип, Куманово, Кавадарци и Велес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.