Имав здравствени проблеми. Последните две години кубурев со здравјето, но ништо страшно, на крај се среди сè. Сега сè е во ред, неодамна откри популарната пејачка Цеца Ражнатовиќ.

Таа додаде дека имала проблем со задржување течности во организмот поради забавена функција на метаболизмот, поради што ѝ се појавувале отоци на лицето и екстремитетите.

Не станува збор за нешто страшно, туку за чест проблем кај голем број луѓе. Најважно е што сега сето тоа се среди, откри Цеца.

Цеца додаде дека во ниеден миг не била загрижена за своето здравје, бидејќи знаела дека се работи за помал здравствен проблем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.