Лепа Брена не присуствуваше на свадбата на синот на Светлана Ражнатовиќ. Иако Цеца и Брена интензивно не се дружат, сепак комуницираат, а и двете велат дека имаат децениско пријателство. И покрај тоа, Брена не беше на свадбата кај Вељко, туку замина во Монако, а српската јавност почна да шпекулира околу причините.

Наводно, Брена не се појавила во „Хајат“ затоа што на свадбата бил поканет Аца Лукас, со кого воопшто не е во добри односи.

Но, Ражнатовиќ за српски „Курир“ ја откри вистинската причина зошто Брена не била меѓу гостите на „свадбата на деценијата“.

Не, жената не ни беше поканета, тоа се само лоши шпекулации, изјавила Цеца.

Ниту Цеца ниту нејзините деца не беа свадбата кај Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.