Анастасија Ражнатовиќ организирала прослава по повод својот 21 роденден, а оваа година одлучила сама да ги покрие трошоците за гламурозната прослава.

Откако успешно ја гради музичката кариера, Анастасија станала финансиски независна, па Цеца одлучила да ѝ приреди едно изненадување.

Таа кај својот пријател, златарот Небојша Бојовиќ нарачала уникатен ѓердан, кој на ќерка си ѝ го подарила за роденден. Тоа е ѓердан од бело злато со дијамант, чија вредност достигнува 10.000 евра!

 

Цеца никогаш не штедела кога се разботи за нејзините деца. Многу е горда на Таса бидејќи израсна во сериозна девојка која умее да се грижи сама за себе. Затоа и се воодушеви кога ќерка ѝ ѝ соопшти дека сама ќе ја финансира својата прослава, вели изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.