Српската естрадна ѕвезда, Светлана Цеца Ражнатовиќ, за време на гостувањето во емисијатта „Магазин ИН“ изјави дека во овој момент би прифатила дасе омажи единствено за рускиот претседател Владимир Путин.

По бракот со Жељко Ражнатовиќ Аркан, Цеца во јавноста никогаш не се експонираше премногу со својот љубовен живот, иако медиумите неколкупати пишуваа за нејзините наводни партнери.

Во последното интервју, Цеца открива дека е задоволна од животот што го има и дека не е заинтересирана за брак, додавајќи дека би се согласила уште еднаш да го каже судбоносно „да“ само ако станува збор за рускиот претседател.

Би се омажила само со Путин, не се согласувам на ништо помалку. Што ми фали за да не бидам со него – вели Цеца во интервјуто.

Во емисијата, Цеца зборува и за односот што го има со својот внук, Жељко. За него вели дека кога е се заедно се чувствува како негова другарка, а не баба.

Жељко ме подмлади, така што не сум му баба, туку другарка. Шегата на страна, тој може да ме вика како сака, но само тој, никој друг. Толку сум среќна што влезе во нашите животи и едвај чекам да се прогласи крај на пандемијата на корона вирусот па ние двајца да патуваме по светот. ќе го носам секаде. Да можам, не би се одвојувала од него – вели Цеца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.