Евросонг ги објави резултатите од гласањето на публиката и на жирито на вчерашното финално издание во кое победи Италија

Бугарија не доби ниту еден поен од Македонија, ниту од публиката, ниту од жирито.

Според публиката која гласаше телефонски, ова се поените доделени од Македонија: -12 поени за Србија, 10 за Албанија, 8 за Италија, 7 за Швајцарија, 6 за Кипар, 5 за Франција, 4 за Украина, 3 за Азербејџан, 2 за Финска и еден за Русија.

Поените според жирито се следните: 12 за Србија, 10 за Италија, 8 за Израел, 7 за Франција, 6 за Швајцарија, 5 за Малта, 4 за Исланд, 3 за Шведска, 2 за Кипар и еден поен за Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.