Американски Суд го отфрли барањето на Бритни Спирс нејзиниот татко да биде отстранет како повереник на нејзиниот имот.

Џејми Спирс е законски управител на имотот на неговата ќерка цели 12 години поради нејзините проблеми со психичкото здравје.

Адвокатот на Бритни изјави дека поп-ѕвездата се плаши од својот татко и не се чувствува безбедно додека тој ги контролира нејзините средства.

Адвокатот на нејзиниот татко, пак, тврди дека тој секогаш постапувал во интерес на својата ќерка.

За време на рочиштето, адвокатот на Бритни, Семјуел Ингам, изјави дека таа и нејзиниот татко „немале одржлива врска“ и оти долго време не разговарале.

Од друга страна, Вивијан Торин, адвокат на Џејми Спирс, тврди дека причината за тоа што таткото и ќерката не разговарале е што г-н Ингам ја спротивставува Бритни против Џејми.

Судијата рече дека ќе ги разгледа идните жалби за промената на статусот на Џејми Спирс во иднина, а во меѓувреме, на барање на Бритни, за заеднички поверител е назначена финансиската компанија „Бесемер траст“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.