Лепа Брена и Боба Живоиновиќ веќе седум години водат успешен бизнис за чистење фасади, кровови, патеки, ама и патишта, како и отстранување на графити од ѕидовите. Брачниот пар овој бизнис неодамна му го препушти на Виктор Живоиновиќ, ама тие двајцата се уште се водат како сопственици на фирмата.

Иако медиумите неодамна пишуваа како најмладиот син на пејачката и нејзиниот сопруг отпочнал нов бизнис, вистината е нешто поинаква. Откако пролетва отвори сплав, Виктор неколку месеци подоцна почна да рекламира и фирма за миење фасади, кровови, прозори, панели, на својот Инстарграм, па многумина помислија дека покренал уште еден бизнис. Сепак оваа дејност не е негова идеја, туку на неговите родители.

На страната за стопански регистри пишува дека основачи на фирмата се Фахрета и Слободан Живоиновиќ, како и дека работата ја започнале уште во 2013 година. Се водат како друштво со ограничена одговорност, а седиштето е во Нов Белград.

Во официјалните извештаи стои дека нивнатата фирма има само еден врботен, ама и дека остварува добри приходи. Така во 2017 година имале 7.705.000 динари приходи, додека 2018 година заработиле 4.850.000 динари. Минатата година им била најплодоносна, па инкасирале дури 12.337.000 динари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.