Поранешната сопруга на Дарко Лазиќ, Ана Севиќ повторно очекува девојче. Иако ужива во деновите на бременоста, свадбата со нејзиниот иден сопруг Даниел беше откажана поради пандемијата на коронавирус.

Српската пејачка вели дека не ѝ пречи да почека.

Документот за брак за мене е апсолутно неважен за среќа затоа што знам, од претходното искуство, дека тоа за жал не значи ништо во денешно време, не го предвидува тоа што порано беше бракот. Сепак, јас и Даниел сакавме да имаме свадба и да славиме со нашите семејства, но ќе почекаме, вели Севиќ за „Блиц“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.