Една година откако Ирина Шајк и Бредли Купер решија официјално да раскинат и да останат во добри односи поради нивната ќерка Ли Де Сине (3), манекенката и актерот повторно се заедно.

Двојката поради пандемијата поминувала доста време заедно, па искрите се родиле повторно, тврди анонимен извор за американските медиуми.

Тие повеќе не веруваат во родителство како порано – каде што само си предаваат дете едни на други – па решија да се дружат повеќе во тројца. Тие сакаат Ли да ги види заедно. Во еден момент, чувствата повторно се појавија. Наводната врска на Ирина со експерт за уметност, воопшто не беше сериозна, бидејќи вистинската љубов отсекогаш и беше Бредли, изјави извор близок до парот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.