Драган Стојковиќ – Босанац итно завршил во болница, по што веднаш му била направена операција на срцето. Музичарот и член на жирито во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ се оперирал на Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“, а оваа информација за српските медиуми ја потврдил и доктор Милован Бојиќ, директор на институтот.

Според Бојиќ, се работи за операција на срцев залисток, зафатот поминал добро, а Босанец се наоѓа на интензивна нега и закрепнува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.