Хрватскиот кантавтор, Борис Новковиќ и неговата партнерка, студентката по моден дизајн и „најсекски Хрватка за 2016 година Ирис Волф, станаа родители по втор пат.

Синот на Борис и Ирис се родил во вторник напладне во загрепската болница „Меркур“ со царски рез, а одличната вест за „Тпортал“ ја потврдил и гордиот татко.

Како и претходните пати кога станав татко, овој ден е еден од најсреќните во мојот живот. Сè помина добро со мама и бебето и едвај чекам да се вратат дома – изјавил Борис Новковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boris Novkovic (@boris_novkovic)

Новковиќ и Ирис, во април 2019 година станаа родители на ќеркичката Си.

Ирис и јас заедно го избравме името. Корените се од хебрејскиот јазик, па дури и во Кина има такво име. Направивме комбинација од нашите имиња Ирис и Борис – изјави Новковиќ за избор на името на ќеркичката.

Нивната љубовна приказна почна пред две години. Пејачот и неговата девојка накратко се разделија минатата година, но не се разведоа.

Новкови претходно, од бракот со Луција Матиќ има два сина, десетгодишниот Ноа и седумгодишниот Боно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.