Северина Којиќ вчера со потресни зборови се прости од својот близок пријател кој го изгубила.

Станува збор за Рени Расо со кој популарната пејачка соработуваше во минатото, а доказ дека тие биле блиски е видеото кое го објави пејачката на својот Инстаграм профил.

Знаете она светло кое ме сјаеше на бината, светлото со прекрасен спектар на бои. Мојот Рени ме осветлуваше со тоа светло и духовитоста веќе 15 години…, започна во својот пост Северина.

Таа потоа додава дека чувствува голема празнина и болка исполнета со солзи.

Загуба на некој мој…од горе Рено ќе не осветли кога повторно ќе застанеме на бина, ќе свириме мајсторе и повторно во твоите бои. Почивај во светлост и мир. Те сакам, напиша меѓу другото Северина во емотивната објава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.