Иван Маринковиќ не се појави на рочиштето со бившата сопруга Гоца Тржан. Второпласираниот учесник на реалното шоу „Парови 7“ изјави дека имал здравствен проблем.

Имав оправдан здравствен проблем, но тоа не значи дека бегам од своите обврски. Должам околу 250.000 денари за алиментација и ќе ги платам. Жал ми е само што во медиумите се појавија некои други бројкии што Гоца изјавила дека никогаш не сум плаќал за детето. Имаше период кога не можев да ги исполнам своите обврски, но тоа е минато сега. Ќе платам се’ што должам, но не затоа што Гоца сака да биде медиумски покриено туку затоа што ми е должност. Со ќерка ми немам контакт затоа што го сменила телефонскиот број, а Гоца не ми дозволува да се гледам со неа. Изгледа ќе мора да се обратам во Центарот за социјална грижа, но без врска ми е да се гледам со ќерка ми сосила“, вели Маринковиќ, кој не го користеше правото секој втор викенд да се гледа со Лена затоа што последниве две години ги помина во реалното шоу, каде што не можеше да го носи детето.

Иван истакнува дека со ќерка си секогаш имал коректен однос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.