Српскиот „крал на дијамантите“, Ѓорѓе Михаљевиќ (44), кој беше убиен во заседа во Јоханесбург, во септември 2018 година беше во брак со бугарската мисица Наталија Гуркова која е главна инфлуенсерка кај источниот сосед.

Овој трговец со дијаманти и злато бил ликвидиран додека стоел на семафор. Напаѓачи на мотори му се приближиле на неговото „порше“ и отвориле оган. Тој се обидел да продолжи да вози, иако бил заробен во возилото, но по 100 метри го запрел автомобилот, излегол од него и паднал мртов.

Неговата сопруга Наталија не била во Јужна Африка во моментот кога бил убиен Михаљевиќ. Таа изгледа претчувствувала дека ќе се случи нешто лошо и го замолила сопругот да се исели од Јоханесбург бидејќи таму не се чувствувала безбедно.

Таа на социјалните мрежи се фали со својот луксузен живот. Наталија беше Мис на Бугарија во 1998 годинава рекламираше и накит што поранешниот сопруг Ѓорѓе го продаваше.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.