Американската актерка, пејачка и продуцентка Бела Торн и нејзиното момче ја објавија својата свршувачка на социјалната мрежа „Инстаграм“ и добија над 500.000 лајкови и скоро 9.000 коментари со честитки и добри желби.

По речиси две години откако се заедно, 23-годишната Бела и нејзиниот 27-годишен вереник, Бенџамин Масколо ја објавија својата свршувачка со фотографија на која во преден план се гледа огромниот дијамантски прстен.

Под фотографијата е напишана пораката „Таа рече да!“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Benjamin Mascolo (@b3nm)

Бенџамин Масколо е музичар кој не е толку познат во јавноста, но има над 1,7 милиони следбеници на „Инстаграм“, а неговата италијанска музичка група „Benji&Fede“ ја освои музичката награда на „МТВ Европа“ за најдобар италијански бенд. Тој во минатото имаше и неколку појавувања во филм, па наскоро треба да го видиме со неговата свршеница во новиот филм „Time is Up“ кој беше снимен во Италија.

Бела живее во САД, а Бенџамин во Италија, па нивната врска претежно се одвиваше на далечина. Од тие причини, тие планираат да направат две свадби, едната во Италија и другата во Америка.

Ти благодарам што си толку прекрасна, те сакам. Јее, ќе се венчаме со прослава во Италија и во Америка – порача Бенџамин на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Benjamin Mascolo (@b3nm)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.