Не знаете низ што сè поминував, отворено призна Наташа Беквалац во Скопје, каде беше гостинка на форумот „Профемина“, каде зборуваше и за насилството кое го доживеа пред една година од третиот сопруг Лука Лазукиќ, но и сè што следуваше потоа.

Мене многу ми е тешко кога зборувам за ова. Поминував низ разни тортури, стресни ситуации откако јавно проговорив за тоа. Во еден момент дури и се покајав. Законот функционира, но многу е тешко да се дојде до тоа за да покажеш дека ја кажуваш вистината. Кога се случи тоа јас бев многу чувствителна, само што ја родив Катја, но во еден момент сфатив дека морам да станам, да кажам јавно што се случува затоа што имам семејство кое зависи од мене. Децата ќе ме разберат зошто јавно го кажав тоа, морав да ги заштитам нив. Вие не знаете низ што сè поминував јас. Непријатно ми е да зборувам за ова, но ќе бидам искрена и ќе ви кажам сè. Јас се бранев цело време, бев обвинета за лажно пријавување и моите сведоци беа обвинети за лажно сведочење. Лекарите беа обвинети дека ги фалсификувале документите. Во еден момент помислив: „Зошто ми требаше ова?“. Замислете, седите и докажувате дали сте биле способни сами себе да нанесете такви повреди и доктор од една страна докажува дека сте, а од друга дека не. Многу стресно, но среќна сум што успеав да излезам од сето ова, раскажа во својата исповед за „Профемина“ Беквалац.

Извор: Убавина и здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.