Српската пејачка Наташа Беквалац доживеа драма во Црна Гора. Таа колабрираше на полседниот настап и заврши на инфузија, вели нејзин близок пријател за српските медиуми. Беквалац веќе некое време пати од воспаление на грлото. Ова и претставува сериозен здравствен проблем. Има силни главоболки и ќе почне да оди на терапија.

Имаше неколку настапи без пауза. Последниот концерт ѝ беше фантастичен, но на крајот колабираше и заврши на инфузија, вели пријател на пејачката.

По примената инфузија, лекарите ја советувале да мирува неколку дена. И кажале дека мора да ја сними главата и да направи анализа на крвта. Наташа потоа се врати во Белград каде сега планира да остане подолго време. Лабораториските аналици ги чека во моментов во Нови Сад, објаснува нејзиниот пријател.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.