Босанската пејачка Алма Туцаковиќ реши да ја напушти музичката сцена и да замине во Дубаи, каде што стана 23 жена на еден шеик. Како што открива за босанскиот магазин „Експрес“, таа е пресреќна и во Дубаи ѝ е преубаво.

Уживам со своите пријателки и редовно ги исполнувам брачните обврски, открива таа.

Вели дека има целосна слобода и дека затоа што сопругот има уште 22 жени, не знае каде е секоја од нив во секој момент.

Мислам дека ќе останам овде до крајот на животот. Ова е најбогата земја во светот и овде дишам слободно, вели Алма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.