Душко Тошиќ својот престој во Белград го користи да биде со сопругата Јелена Карлеуша, но и да ги среди работите околу натамошното школување на нивните ќерки. Имено пред неколку дена, парот посетил едно приватно училиште на Дедиње, во кое Атина и Ника ќе го продолжат школувањето. Инаку нивните ќерки дознале за смртта на баба им Дивна и ја разбираат ситуацијата.

Душко и Јелена решиле да им го променат животното и работното опкружување поради се низ што помина нивното семејство. Пред се поради скандалот чиј главен актер беше токму Јелена, а потоа и поради смртта на Дивна Карлеуша. Како децата во тие години во кои се Ника и Атина знаат да бидат немилосрдни, да закачаат и оговараат, Тошиќ и Карлеуша се убедени дека тоа во новото училиште нема да го има. Имено тие избраа интернационално училиште во кое претежно одат странци, наставата е на англиски јазик и веруваат дека другите деца нема ни да знаат кои се Душко и Јелена, а камоли да знаат што им се случувало во приватниот живот – раскажал извор близок на пејачката.

Одлуката да ги запишат ќерките во тоа училиште е и поради неговата локација.

Душко и Јелена до крај на пролетта се селат во вила на Сењак која ја купиле од Драган Стојковиќ Писки, а новото училиште кое ќе го посетуваат Атина и Ника се наоѓа на 5 минути оттаму. Внатрешните работи се при крај, а Душко престојот во српската престолнина ќе го искористи и за надгледување на истите – додал изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.