Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли има ново момче, 45 годишната актерка ужива во романсата со пријател на нејзиниот екс сопруг Бред Пит.

Светските таблоиди пишуваат дека Анџелина наводно почнала врска со колегата актер, 68-годишниот Мики Рурк.

Таблоидот пренесува дека Анџелина е фатена како се бакнува со 23 години постариот актер.

Со овој потег Џоли, наводно, сакала да му се реваншира на поранешниот сопруг, за сега веќе екс девојката, манекенката Никол Потуралски, затоа што Бред ја одвел во дворецот во Франција, каде што тој и Анџелина го изговорија судбинското „ДА“.

Тој е многу повозрасен и не е вистински избор за Анџелина. Но, бидејќи поголем број од актерите од нејзината генерација се во брак или во врска таа морала да продолжи понатаму – изјавил за магазинот извор бизок до Џоли.

Истиот извор дополнува дека Анџелина со оваа врска само сака да „стави сол“ на раната на Бред и дека не планира ништо сериозно со Мики Рурк.

Иако Мики Рурк не е нејзин тип на маж, Анџелина мисли дека во него пронашла вистинска личност, барем за нејзините осветнички планови кон Бред – истакнал изворот кој потсетил дека Бред и Мики долги години се добри пријатели и дека оваа вест сигурно ќе го погоди холивудскиот заводник Пит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.