Српската пејачка Ана Николиќ за ТВ Пинк откри дека подготвува приемен испит за Медицинскиот факултет во Белград, а мајката на нејзиниот бивш сопруг, раперот Стефан Ѓуриќ Раста, ѝ помогнала да ги одбере професорите кои ќе ѝ помогнат да го совлада материјалот пред полагање.

Отсекогаш сакав да бидам докторка. Се подготвувам да запишам медицина. Не на приватен, туку на државниот факултет за медицински науки во Белград. Поранешната свекрва ми кажа кои се најдобрите професори по хемија, биологија, слично, ми прати сè што е потребно за упис. Ѝ реков „Слаѓана, 6 години ќе ги дадам за три“, откри Николиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.