Дарко Лазиќ после тешката сообраќајна несреќа решил да сврти нов лист, па така меѓу другото, дошол на идеја да им обезбеди на  своите наследници убава и богата иднина, колку што може. Поради таа причина почнал да уплаќа пари на нивни сметки и тоа по 5.000 евра месечно и тоа ќе продолжи да го прави до нивното полнолетство.

Неговата поранешна сопруга Ана Севиќ и сегашната свршеница Марина Гагиќ за ова ништо не знаеле. Меѓутоа кога Дарко на Марина и кажал што прави и требало малку време да си дојде на себе од среќа. Имено, Лорена и Алексеј на своите сметки до татко им, еден ден ќе имаат по милион евра.

Одлуката да ги осигура децата, Дарко ја донел сам, без знаење на своите партнерки. Едноставно почувствувал дека така треба и не сакал никој да му се меша. Дури подоцна кога се средил, и кажал на Марина која не можела да си дојде на себе од среќа. Не само што и било драго што нивниот син ќе биде обезбеден, туку сватила дека  Дарко се сменил и дека после несреќата сепак е друг човек. Дури се пошегувала дека ќе му роди барем уште три деца кога веќе планира од своите деца да направи милионери. На крајот Дарко сепак сериозно го сватил татковството – рекол извор близок до семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.