Најголемата љубов на сестрите Ана и Јана Стојановски се театарот, филмот, музиката, со еден збор уметноста која е врежана во нивниот генетски код.

Тие имаат многу со што да се пофалат од својата професија, но не се од оние што премногу се експонираат во медиумите и јавноста.

Овојпат за промена, Јана, своевремено Мис на Македонија, на својот Инстаграм профил објави заедничка фотографија со сестра си на која и двете изгледаат како модели од некое модно списание.

A, на фотографиите објавени од Јана се гледа дека мајката природа, освен со талент, ги дарувала сестрите Стојановски и со занесна убавина и сексапил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.