Kaко од „Зајко кокорајко“, премиерот во заминување Зоран Заев му прости и го прими во коалиција Амди Бајрам? Зошто ниту една власт кај нас не може да опстане без него и на кој начин тој успева да е близок со секоја власт? Ова се само дел од приказните кои пратеникот со најмногу мандати ги сподели во шоуто „Еден на Еден“.

Жаре му подготви и интересна игра, „Тркало на среќата“ во која Амди со еден збор требаше да ги опише своите колеги, политичарите. Амди зборуваше и за Никола Груевски, Стево Пендаровски, Бранко Црвенковски, Љубчо Ѓорѓиевски…

Раскажуваше за тоа како од седумгодишен препродавач на свеќи пред гробиштата во Бутел, стана најбогатиот Ром во Македонија кој правел свадба на Саем за 3.000 луѓе, го женел синот во авион, а за семејните веселби организирал и хеликоптери, бродови, Кале…

Вели дека најголемиот и најубав подарок е што секогаш и секаде вработувал Роми со основно образование, како и дека поставувал министри и директори.

Погледнете ја цела „Еден на Еден“ со Амди Бајрам:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.