Педесет и седумгодишнио оскаровец Николас Кејџ по петти пат застана на лудиот камен. Овојпат, во тајна венчавка во Лас Вегас, актерот се венча со девојката 26-годишната Рико Шибата. Церемонијата се одржала на 16 февруари, во чест на роденденот на покојниот татко на „младоженецот“.

Двојката се запозна во Шига, Јапонија, пред повеќе од една година.

Ова е петти брак на Кејџ по неговото јавно разделување со Ерика Куки по четиридневниот брак во март 2019 година, кој се одржа во Лас Вегас. Тој доби развод два месеци подоцна.

Актерот претходно беше во брак со Патриша Аркет од 1995 до 2001 година, со Лиза Мари Присли од 2002 до 2004 година и со Алис Ким од 2004 до 2016 година.

Покрај 15-годипниот Кал-Ел кој го има со Ким, Кејџ има и син, Вестон (30) од неговата врска со актерката Кристина Фултон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.