По кратка пауза од телевизијата, водителката Искра Канзурова се врати на малите екрани во емисијата „Добар ден, секој ден“, на ТВ Алфа.

Неодамна во интервју за „Свет“ Искра, денес сопруга и мајка на две дечиња, на прашањето во какви односи е со својот поранешен сопруг Игор Џамбазов, кажа дека со него нема никаков контакт.

Нормално дека тој беше дел од мојот живот и ќе остане дел од него, јас не бегам од тоа. Нашиот развод не беше некултурен и нецивилизиран, едноставно беше нешто што на двајцата ни стана јасно дека ќе се случи. После нашиот развод ако за нешто сум му благодарна е тоа што немам лоши зборови чуено од него за мене, но ни тој од мене за него. Сепак бевме доста позната двојка и обично познатите двојки успеваат да подлегнат на озборувањата на публиката. Сигурна сум дека него му ја полнеле главата со мене, на мене ми ја полнеа главата со лоши работи за него. Но ние си останавме коректни еден кон друг. И никогаш во јавност не сме изнеле нешто за другиот што тој не би сакал да се знае. Игор се си кажува сам во своите книги, во своите интервјуа, јас никогаш немам ниту дополнето ниту негирано нешто од тоа, за тоа сум му многу благодарна, вели Искра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.