Босанскиот фудбалер Огњен Врањеш беше во ек на скандал поради експлицитните фотографии на Јелена Карлеуша, а тоа изгледа остави големи последици на неговиот брак со Данијела.

Имено, бројните пораки и фотографии кои ги разменуваа, а кои испливаа во јавност, наводно довеле до тоа Врањеш и Данијела да донесат одлука да се разведат.

Огњен и Данијела решија да стават точка на својот брак. После скандалот со Карлеуша решија да се разведат, а Врањеш веќе се консултирал со адвокат и поднел барање за развод – открива извор упатен во целата ситуација.

Инаку Огњен на левата страна на градниот кош своевремено го имал истетовирано името на својата сопруга.

Сепак дека љубовта не им цвета покажува и фактот дека тој наводно тетоважата неодамна ја покрил со друга.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.