Аца Лукас во разговорот со новинарите на „Курир.рс“ без „влакна на јазикот“ зборуваше за својот однос со сопругата Соња Вуксановиќ, но и со Јелена Карлеуша.

Што ви е гајле дали сум се смирил со Соња. Да бевме смирени, ќе живеевме заедно. Веќе не сме во емотивна врска. Не бевме во добри односи, но сега сме океј, откри Лукас за „Курир.рс“.

На прашањето дали планира да се разведе со Соња, Лукас одговори:

Не сме разведени законски, и тоа ќе дојде на ред. Не размислувам за тоа, искрен беше Лукас.

Во јавноста кружат „муабети“ дека бракот со неговата сѐ уште законска сопруга Соња Вуксановиќ „пукнал“ поради наводното физичко насилство од негова страна…

Не сакам да ја менувам историјата. Немам заборавено што се случи. Беше грозно од двете страни. Но ги нема тие го*на што не сум подготвен да ги изедам за доброто на моето дете, изјави Лукас.

На прашањето дали во моментов има девојка, пејачот одговори:

Зар не сум малку стар за девојка? На мои години се вели пријателка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.