Веќе со денови актуелна тема е жестоката кавга меѓу Аца Лукас, Лепа Брена и Јелена Карлеуша. Сега Лукас реши да стави крај на медиумските приказни, но нагласи дека секогаш ќе се расправа со оние кои го напаѓаат.

Не би ја коментарал таа тема. ние бевме многу добри, што се однесува до помладата колешка. Јас никогаш не напаѓам прв, но кога ќе ме нападнат возвраќам, рекол Лукас алудирајќи на Карлеуша.

Потоа објаснил и што точно се случува со неговиот однос со Лепа Брена.

Многу ми е жал и еве јавно се извинувам на сите погрдни имиња. Ние имавме една приватна кавга. Знам дека сум во право 100 проценти затоа што станува збор за нешто што таа го има кажано и искоментирано за мене, деталите не можам да ви ги откријам. Ја чекав цела една година да дојде на снимање на „Гранд“ за да и кажам дека знам, но таа не се појави. Таа е најголема ѕвезда на Балканот, јас тоа не го негирам, но овде станува збор за некои приватни релации. Не сум љубоморен на нејзината кариера, напротив. Но слободно можам да кажам дека е најголема ѕвезда на Балканот и најлош човек кој што сум го запознала во животот, рекол Аца Лукас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.