Аца Лукас денеска го жени синот Лазар, а како што пишуваат српските медиуми, пејачот е најрасположен на свадбената веселба.

Тој ја испеал и првата песна на свадбата „Има ли наде за нас“, на која младенците го изиграле свадбениот танц. Потоа, на задоволство на пристутните, продолжил со неговиот хит „Волиш ли ме“, по што извадил купче со евра за да ја кити музиката, а и самиот себе.

На свадбата запеа и Саша Матич, а се очекува веселбата да трае до раните утриснките часови, а на неа да се изнаредат колегите на Лукас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.