Пејачката Емина Јаховиќ (37) на својот Инстаграм профил одговараше на прашања од своите следачи, при што објаснила во каков однос се со поранешниот сопруг Мустафа Сандал (49).

Имено, Емина новогодишната ноќ ја поминала во друштво на Јавуз и Јаман, но и поранешниот сопруг Мустафа во неговиот стан во Истанбул.

Овој потег изненади многумина, а од кога пејачката ја раскинала врската со турскиот бизнисмев Садетин, започнаа шпекулациите дека се смириле со Сандал.

Ние сме секогаш заедно поради двата прекрасни сина кои ги имаме. Ние сме најдобри пријатели во добро и во лошо. Сепак, не сме заедно во емотивна смисла, ниту планираме да бидеме“, напишала Емина.

Гласините дека Емина и Мустафа се смириле беа подгреани од заедничките фотографии кои пејачката ги објавуваше минатата недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.