Елтон Џон неодамна ја објави својата автобиографија во која пишувал за тешките моменти кога дознал дека има рак на дебелото црево и дека мора да оди на операција.

Тој открил дека самата операција поминала добро, како и дека вистинскиот пекол почнал десетина дена по неа, бидејќи се здовил со опасна бакрерија, поради која морал да прима голема доза антибиотици, а се плашел дека нема да преживее.

Елтон сега гостувал во една телевизиска емисија каде споделил една комична ситуација од овој период. Тој на публиката и открил дека во една прилија се измокрил во гаќи, поточно во пелените кои ги носел додека бил на бина.

Пејачот раскажал дека по операцијата на дебелото црево брзо се вратил на бина, но дека не можел да ги контролира физиолошките потреби и морал да носи пелени, дури и додека настапува. Тој додал дека публиката нема поим што се десило.

Само да знаеја дека во тој момент јас мокрев по себе додека пеев за нив – се шегувал Елтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.