Актерката Џенифер Анистон на својот Инстаграм профил се пофали со нов член на семејството и не криеше колку е среќна заради неговото пристигнување.

Анистон посвои кутре кое го нарече Лорд Честерфилд и реши веднаш да му го покаже на светот.

Би сакала да ве запознаам со новиот член на нашето влакнесто семејство. Ова е многу уморен Лорд Честерфилд, напиша Анистон на Инстаграм и додаде: Тој веднаш го освои моето срце. Му благодарам на целиот персонал во прифатилиштето што се грижеа за овие животни и им помогнаа да најдат дом.

Таа исто така објави видео на кое се гледа кученцето како одмара додека ја држи коската во устата.

Честерфилд, заспа ли држејќи ја коската? Мислам дека да, напиша Анистон.

Бројни познати дами како Џулиен Мур, Рита Вилсон, Попи Делевињ, Мили Боби Браун, Марија Шарапова и Бет Стерн коментираа на објавата на Анистон и рекоа дека се заљубиле во кученцето на прв поглед.н.

Покрај Честерфилд, Анистон се грижи и за питбулот Софи и мешаната раса на куче Клајд. Заедно со нејзиниот поранешен сопруг се грижеа и за германскиот овчар Доли, кој почина минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.