По пopнo-скандалот што повеќе од еден месец е тема број еден на голем број регионални медиуми, фудбалерот Душко Тошиќ одлучи да ја казни сопругата Јелена Карлеуша, но не со развод (барем не засега!), туку со санкции.

Имено, тој се откажа од идејата да вложи 300.000 евра во вилата на Дедиње, која ја купи од бившиот фудбалер Драган Стојковиќ Пикси, во која, по реновирањето, Јелена требаше да се всели со нивните ќерки најдоцна до пролетта. Но како што стојат работите, тоа нема да се случи наскоро…

Јелена имаше ‘луди’ идеи кога станува збор за реновирањето на вилата што Душко ја купи од Пикси. Сакаше да урива ѕидови, да гради спа-центар, да купува прескап мебел. Според првичниот план, сето тоа ќе го чинеше Душко 300.000 евра. Пред аферата со Врањеш, тој сакаше да и’ ја исполни секоја желба, но сега одлучи да и’ ја затвори чешмата“, открива за „Информер“ извор близок на семејството Карлеуша-Тошиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.