Британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа во повеќе наврати го поддржува одвојувањето на Косово од Србија. Со тоа продолжи, а овој пат на својот инстаграм профил, објави фотографија на која пишува „Зошто Косово не е и нема да биде Србија“.

Ова го забележа и српската пејачка Јелена Карлеуша, која и одговори на Дуа Липа.

Драга Дуа Липа, те сакаме овде во Србија. Екстремизам на било кој начин не е одговор (знаеш дека косовскиот лидер е во Хаг, се соочува со обвинение за воени злосторства итн. Можеш да најдеш лоши луѓе на двете страни, наведе Карлеуша и продолжи…

Те замолувам, користи ги твоите социјални платформи да шириш љубов, мир и музика (и врати се на Косово да бидеш со својот народ). Испраќам многу љубов на сите добри луѓе ширум светот, напиша Карлеуша објавувајќи го тоа што Дуа Липа го постави на инстаграм.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.