Глумицата Деми Мур открива многу темни моменти од својот живот во својата автобиографија „Inside Out“, којашто ќе излезе во продажба на 24 септември. Од извадоците што излегоа во јавноста се откриваат само неколку подробности, но доволно за да се заклучи дека нејзината животна приказна може да биде основа за холивудски филм.

Имено, глумицата раскажува како кога била тинејџерка, мајка ѝ „ја влечела“ по ноќни барови, „за мажите да ја забележат“. Така, кога девојчето имало едвај 15 години, мајка ѝ прифатила непристоен предлог од непознат човек. За 500 долари ја натерала Деми да спие со него.

Тоа беше силување и предавство… Се договорија да ѝ плати отпосле… Но и покрај тоа, таа (мајката) му дозволи пристап до мене. А, тој потоа и ме повреди, вели Мур. Во книгата, глумицата раскажува и за своите неколку обиди за самоубиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.