Принцот Хари и војвотката Меган се неисцрпна тема на британските таблоиди, а во тоа најмногу придонесуваат со своето кршење на сите кралски правила.

Хари е доста далеку во линијата за тронот и е свесен дека шансите да стане крал се речиси невозможни, па затоа и не се грижи многу за своето јавно однесување, особено откако се ожени со поранешната актерка, Меган Маркл.

Наводно, нивните пријатели веќе не ги повикуваат на настани бидејќи не ги почитуваат најосновните правила, како што е разделеното седење. На вакви настани партнерите седат еден спроти друг, но Меган и Хари освен што се еден до друг, често се бакнуваат и се допираат, а тоа се смета за непристојно во високите сталежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.