Метју Пери беше еден од омилените телевизиски актери кога се појави во улогата на популарниот Чендлер во светски популарната серија „Пријатели“.

По крајот на серијалот тој се повлече од јавноста, а и се помалку снимаше. Последниве години актерот се почесто изненадува, но во негативен контекст. Запуштен изглед и лоши навики, се чини како секој ден да изгледа полошо од претходниот.

На последните фотографии кои се појавија во јавноста се гледа како тој се потпира на ѕид, едвај се движи и има проблеми со дишењето. Со еден збор изгледа како бездомник.

Во еден момент тој се потпира на зградата како би земал здив, а потоа напомош дојде и асистентката која го испрати до автомобилот со кој потоа управуваше.

Турбулентниот живот на некогаш популарниот глумец исклучително му штети. Неговите проблеми започнаа кога доживеа несреќа на „џет-ски“, а кога по препорака на лекар почна да зема лек кој ги намалува болките кои секојдневно ги чувствувал и со самото тоа станал зависник од истиот, со што не поминувал ден без таблетите. Како изгледа денеска, проценете сами.

 

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.