Светлана Цеца Ражнатовиќ не ја симнува насмевката од лицето откако вчера стана баба.

Таа вчеравечер пред српските медиуми откри на кого личи малиот Жељко, но и што и порачала на снаата Богдана.

Прекрано се чувствувам, ми бевте сопатници целото време. Богдана се чувствува одлично и таа и бебето. Многу сум среќна. Просто не можам да ви пренесам како се чувствувам. Ова за мене е ново чувство. Не знам што да ви кажам освен дека целата треперам и дека сум најсреќната личност на светот. Го видов бебето, преслатко е, живо, здраво е што е секако цел на сите што очекуваат деца, вели Цеца.

Таа сепак и порачала и нешто на Богдана од своја душа и срце.

Имено таа од снаата сака големо потомство и многу внучиња, следното да е женско, па да личи на мајката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.