Виктор Живојиновиќ е во врска со Сандра Миљковиќ која студира српска книжевност, а се занимава и со шминкање.

Српските медиуми пишуваат дека нивната врска е сериозна и дека наводно Сандра се вселила во семејниот дом на Живојиновиќ.

Исто така медиумите пишуваа дека наводно Виктор палнира наскоро да се жени и дека е сигурен дека Сандра е вистинската.

И Виктор како и Стефан може да го почувствуваат заедничкиот живот, и тоа кога еден за друг се грижат 365 дена во годината. Ни Филип не брзаше за женидба, па не треба ни тие да брзаат. Постојат многу работи кои треба да ги завршат пред да се оженат затоа што одлуката за создавање на семејство е многу сериозна. Мора да бидете посветени на детето и тоа мора квалитетно да се воспитува. Ако трчате по кариера, еден ден ќе сфатите дека имате богатство, моќ, но сте промашиле во приватниот живот. Најлесно е да направите дете, но тоа е живо сушество на кое му е потребна посветеност. И Боба и јас ги советуваме, па ќе видиме дали ќе не послушаат“ вели фолк пејачката.

Таа вели дека добро се согласува со новата снаа и дека е задоволна со изборот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.