Холивудската икона Бред Пит (56) очигледно немал фризер за време на карантинот, за што сведочат и најновите фотографии направени во вторникот во Малибу.

Оскаровецот има долга коса исчешлана и залижана наназад, а видлив е и темниот тен.

Поранешниот сопруг на Анџелина Џоли го разгледуваше мотоциклот БМВ Р-1250 со долгогодишниот пријател Фли, басист на групата Red Hot Chili Peppers.


Мотоциклот на кој му се восхитува Бред Пит се продава за 20.000 долари со сите додатоци. Бред Пит и Фли се пријатели уште од доцните 90-ти и честопати се дружеле во домот на Бред Пит во Лос Фелиз.

Двајцата пријатели имаат барем два заеднички интереси – дизајн на мебел и мотоцикли.
Тие се обврзани и со друга заедничка работа, односно личност: духовната исцелителка Сат Хари Калса. Бред и таа се виделе неколку пати заедно во градот, но се чини дека се само пријатели иако медиумите шпекулираат поинаку.

Бред Пит се дружи со многу жени откако пропадна бракот со Анџелина Џоли во 2016 година, но тој ниту една од нив не ја претстави како негова партнерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.