Ситуацијата во српското реално шоу Задруга се повеќе се вжештува. Пред неколку дена во вилата влезе пејачката Анабела Атијас, мајка на победничката од минатата сезона Луна Џогани.

Веднаш по влегувањето, таа го нападна пораншениот сопруг Гаги Џогани, со кого беше во брак 17 години.

Ти ја продаде нашата ќерка поради шоу. Со година не даде ниту денар за двете деца. Секој месец земаше пари од сметката на Луна – викала Анабела и додала дека нејзиниот партнер Андрија му го спасил животот.

Никој од семејството не сака да слушне за него. Една вечер Андрија влезе во неговиот стан, а на подот го виде Гаги. Се предозирал. Лекарите со часови се бореле за неговиот живот. Со години враќав пари на лихвари бидејќи се плашев од одмазда да не им наштетат на моите деца – со солзи во очите раскажала пејачката.

Таа додала дека 17 години физички ја злоставувал, а поради силните удари, како што тврди, ги изгубила близнаците.

Имав концерт во Македонија. Толку ме тепаше што имав спонтан абортус. Во таа состојба отидов да пејам. Користев шминка за театарски претстави за да ги прекријам модринките – рекла Анабела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.