Веднаш била пренесена во болница каде што докторите ја прегледале и констатирале дека сè е во ред, но и дека организмот ѝ е исцрпен

Пејачата Ана Николиѓ (41) завршила во болница во Mароко откако ѝ се слошило за време на снимањето на нејзин спот.

Поради напорното снимање не стигнувала да јаде, а со оглед на тоа што е на ригорозна диета, колабирала.

Таа се пресоблекува стопати дневно, ја менува шминката, фризурата, стајлингот, не стигнува ни да јаде. Малку спие, многу работи и тоа доведе до тоа да колабира. Ана е перфекционист, во состојба е стопати дневно да ја повтори истата сцена, па наместо пет часа, на снимање се останува и по 15 часа, а во меѓувреме ништо не јаде, само наздравува со екипата и пие по неколку чашки за да си дојде на себе“, рекол извор за српските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.