Професорот Горазд Росоклија ја објаснува потребата на власта Јане Ченто да биде во притвор – не затоа што обвинетиот ќе избега, ами за да испрати порака, да го разбуди стравот кај народот.

ЈАНЕ ЧЕНТО

Зошто го држат во затвор Јане Ченто?  Затоа што не успеваат да го скршат! Со својот дух ги инспирира Македонците и ја плаши власта. Крвта вода не е, и вода не станува. Синовите и внуците на татковците и дедовците кои му слугуваа на Белград, денес слугуваат буквално секому, секому што не е Македонец. Најстрашниот затвор не е тој во кој те става власта, туку стравот кој власта сака да го разбуди кај луѓето. Стравот ја одзема способноста за разумно размислување и го става човекот во затвор без решетки и стражари. Го замолчува и од него прави жив мртовец. Човечко битие со загубено самочувство и без самореспект-крпа! Менторите, странски, на инсталацијава која се однесува како власт, крволочна болшевичка власт, знаат дека било какви одлуки да донесе собранието, нема да опстојат ако не го скршат духот на Македонецот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.