До сабота претпладне времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Под влијание на нов влажен бран од сабота кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, особено на запад, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи во временската најава за викендов.

Потоа поради спуштање на постуден воздух од север, од недела вечер на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег, а услови за снег ќе има и на некои пониски места, информираат од УХМР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.