Вкупно 20 инструменти не работат. Ако еден чини 15,000 евра, тогаш само за да се заменат ќе чини 300,000 евра. За да се постават основните мерења на сите постоечки станици, како за PM2.5, озон, CO, SO2, тогаш потребни се уште 225,000 евра. Само за постоечкиве да се стават во состојба како треба, тоа е 1/3 од буџетот за борба против аерозагадувањето. Ако се обезбедат уште неколку нови мерни станици, резервни делови, тогаш ќе дојдеме и до повеќе од 2/3 од буџетот за борба против аерозагадувањето. 2/3 само за мерењето да е задоволително, што е основа без која не смее. Влада на Република Македонија, каде се конкретните мерки, за да се намали тоа што е детектирано, измерено?

Во меѓувреме, заменик министерот за животна средина Макрадули изјавува дека споредбено со претходните 2 години, во 2018 година постои намалување на бројот на загадени денови.

Статистиката која е дадена е за PM10, просек од мерни станици, број на денови над дозволените 50 µg/m3 и највисока регистрирана загаденост за 2016, 2017 и 2018 во периодите 1 јануари – 30 ноември.

Јавната комуникација во услови на аерозагадување кое го загрозува здравјето на граѓаните е одговорна работа – беше укажано пред некој ден од советник на Претседателот на Владата за односи со јавност.

Како што не е добро да шириме паника кај граѓаните, ако е неоснована, но со оглед на степенот на загадувањето и неговото долготрајно присуство, тешко може неоснована паника да се шири, не е добро да се манипулира со податоците за да се прикаже подобрена состојба. Мешање ПР од страна на Владата и промовирање на Планот за чист воздух на сметка на стручност и точно информирање на јавноста чие здравје е загрозено со нивото на загадување кое го имаме, не смеело да се случи.

Оваа квази-статистика не смеело да се објави, а осбено не смеело МЖСПП да ја сподели на својата страна. Зошто?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.