Илинденското востание претставува борба за создавање на држава, прогласите и манифестите од истото претставуваат стремеж за создавање на држава, додека АСНОМ произведува правен акт со кој се создава држава, со остранувањето на одлуките на АСНОМ врз кои се темели нашата држава се укинува и самата држава сѐ до нејзиното повторно создавање.

Со остранувањето на одлуките кои произлегле од АСНОМ од Преамбулата на Уставот на Република Македонија и вметнувањето само на Прогласот на АСНОМ, се укинуваат правните дејствија кои произлегле од АСНОМ, а самиот чин се сведува на некаква ревијална манифестација на која се искажал стремеж за создавање на сопствена држава.

Сѐ што произлегло од АСНОМ се сведува на документ од типот на Крушевскиот манифест или како документот од Кресненското востание во кој биле запишани Правилата на Македонскиот востанички комитет од 1878 год кој исто така имал воведен дел во кој се кажува зошто се крева востание и кој е стремежот на востаниците. Тие документи се од непроценливо значење за македонската државност, но документите од АСНОМ ја произведуваат македонската државност.

Во што е разликата?

Илинденското востание претставува борба за создавање на држава, прогласите и манифестите од истото претставуваат стремеж за создавање на држава, додека АСНОМ произведува правен акт со кој се создава држава, со остранувањето на одлуките на АСНОМ врз кои се темели нашата држава се укинува и самата држава сѐ до нејзиното повторно создавање.

Доколку имаме в предвид дека денешната држава Република Македонија е производ на АСНОМ, со остранувањето на одлуките се укинува денешната Република Македонија.

Со измената на Уставот на Република Македонија, измена која произлегува од договорот кој владата го потпиша со Република Грција, се воспоставува нова држава која нема ништо заедничко со претходната држава Република Македонија.

Со остранувањето на АСНОМ се бришат и признанијата на светските сили кои биле гарант за создавањето на македонската држава. Сега новата држава ќе треба повторно да ја признаат, впрочем, тоа го пишува и во текстот од договорот во кој е запишано дека втората страна ќе треба да ги извести државите за новото име, или попластично кажано, ќе треба да ги извести државите за новата држава на Балканот.

Во една од одлуките на АСНОМ се стандардизирал македонскиот литературен јазик, тоа сега се брише и нашиот јазик, кој сега ќе има фуснота, ќе започне со имплементацијата на договорот со Грција. Јазикот е една од најважните алки во идентитетот на еден човек.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.